Финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, закажано за вечерва во 21 часот во Њујорк, би можело да почне подоцна од предвиденото поради силното невреме што го зафати градот. Организаторите внимателно ја следат состојбата, а во јавноста веќе се појавија информации дека почетокот на натпреварот може да биде одложен доколку временските услови не се стабилизираат.

Во изминатите часови Њујорк беше погоден од поројни дождови и поплави, кои предизвикаа сериозни проблеми во повеќе делови од градот. Регионот веќе неколку дена се соочува со интензивни бури и висока влажност, а во одредени делови за само еден час наврнале меѓу 50 и 75 милиметри дожд.

Обилните врнежи поплавиле повеќе главни сообраќајници, а водата навлегла и во дел од станиците на метрото. Поради тоа движењето низ градот е отежнато, а навивачите би можеле да имаат проблеми при пристигнувањето на стадионот доколку временската состојба не се подобри.

Засега натпреварот останува закажан за 21 часот, но конечната одлука ќе зависи од развојот на временските услови во Њујорк.

 

Извор: Слободен Печат