5.000 студенти оставени да лутаат низ бараки
Најбројниот и најбрзорастечки факултет во Македонија нема сопствена зграда. Од Министерството за образование и наука и покрај 5.000 студенти кои студираат на овој факултет сѐ уште се префрла одговорноста. Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство моментално се наоѓа во бараки кои се недоволни за сите овие студенти.
Редовната седница се одржа пред Влада
На протестот се одржуваше и 25-та редовна седница на Наставно-научниот совет на Факултетот. Професорите и учениците бараат подобрување на условите за студирање на студентите на Факултетот и најавуваат дека ова е само еден од серијата протести што ги планираат до постигнување на целта.
„ФИНКИ нема зграда – учиме пред Влада“
Универзитетското студентско собрание го поддржа ваквиот протест. Нивните барања се заеднички како и оние на професорите – односно ФИНКИ да добие сопствени простории. Следуваат и нови протести, информираа од таму.
View this post on Instagram
Се огласи деканот на ФИНКИ – Боро Јакимовски
Деканот на ФИНКИ, Боро Јакимовски зборуваше за пробелмите со кои се соочува факултетот. Тој вели дека фирмата која требало да го изгради тој факултет во рамките на УКИМ е во стечај.
Јакимовски побара трајно решение, а вели дека има многу опции како Рамстор или пак Сојуз на синдикати кои како објекти можат да се пренаменат во факултет.
Студентите се жалат
Трпението на студентите е при крај.
Понекогаш сме дури и 240 стундети во една лабараторија. Наставата е квалитетна, но практично учиме во бараки, ова е неподносливо, велат студентите.
Студентите констатно се жалат од, а исите се и револтирани од погрешните политики на власта. Тие се јавија со големи поплаки околу стипендиите кои нередовно се исплаќаат на нивните сметки. Кога станува збор за ретроактивното исплаќање на стипендии голем број од нив воопшто не ги ни земале стипендиите.
Студентите лутаат низ различни простории
Студентите се жалат дека нивните предавања се одвиваат на различни простории како во технолошкиот факулетет, машинскиот, а понекогаш и во монтажните бараки. Од деканатот се децидни, со барање до Владата и МОН – бараките кои се во близина на Машинскиот факултет. Тие ги бараат бараките кои се во сопственост на бирото за развој на образованието да бидат отстапени на нив.