Кандидат за градоначалник на Охрид фрлаше со вегета по своите противкандидати – направи циркус од дебатата

Кндидатот за градоначалник на Општина Охрид од ТМРО, Гоце Цветкоски, прави циркус од дебатата на ТВ24 каде што свое изборно претставување имаат тројцата кандидати за градоначалници

Ги посоли со вегета своите противкандидати, да замезеле со парите што ги украле и седеше со знамето од Вергина.

– Оваа вегета ми ја дадоа во Охрид, да им дадам малку на колегиве да замезат. Да замезите со парите што ги лапате од населба Црногорци, Охрид, вегета, изјави тој.

Во студиото на Телевизија 24 гостуваа кандидатите за градоначалници на Охрид. Гости беа тројцата кандидати, Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, Константин Георгиевски од СДСМ и Гоце Цветковски од ТМРО.