Марјан Ѓорчев, човекот кој има богато портголио зад себе како амбасадор, поранешен Министер за земјоделство на Македонија и поранешен градоначалник на Општина Кисела Вода утрово гостуваше на Радио Лидер.
Со Ѓорчев ги дискутиравме сите новости околу тековните апсења во Македонија и разбивањето на криминалот и корупцијата. За Артан Груби, ЕСМ, скандалот во Државна лотарија. Факт е дека полицијата разбива корпуција и криминал, каде најакутелен е случајот со Груби. Ѓорчев даде одговор.
Јас давам целоснa поддршка на ова што се случува во нашата македонска држава. Целиот предизборен дискурс на ВМРО-ДПМНЕ како водечка политичка партија упатуваше токму на ова. Беше посветена на три работи: Прво формата на управување, второ борбата против криминалот и корупцијата, трето развој на локалната самоуправа. Најгорливо прашање секако дека беше криминалот и корпуција. За првпат по 91-ва година криминалот и корупцијата ја надминаа социјалната компонента во државата.
Ние патуваме кон Европа без да се завртиме назад што правиме.
Ова е последна шанса за спас на државата. Сите ја гледаат како последна сламка за која може да се фатиме и на надворешен и на внатрешен план. Претходната власт служеше на туѓи држави. Граѓаните се радуваат на прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Синоќа седев со мои школски другари и ми викаат „гледаш, функционира Македонија, можело да се работи“.
Тој заклучи:
Така што, сосема ја оправдувам оваа акција на МВР.
На новинарско прашање „може ли да се потпреме на САД да ја искорениме корупцијата во Македонија“, Ѓорчев одговори:
Можеме да се потпреме на САД знаејќи дека таа држава е храм на демократијата, знаејќи дека нивните црни листи укажуваат на одредени неправилности, но мора самите да докажеме. Еве како ќе докажеме: јас сум да се провери имотната состојба на сите луѓе. Колку ви е вашата зааработка, може да се израчуна колку може да заработите. Така може да се види што може да заработите и што може да купите. Не може да купите 10 станови, 10 дуќани и слично, заклучува Ѓорчев.