Пожарот избувнал на околу 200 метри над хотелот „Неда“, а туристите веќе се повлекуваат од Галичник. Од месната заедница во Галичник за МКД.мк дека се алармирани сите институции и дека се очекува хеликоптер од Армијата кој што треба да помогне во гаснењето на огнот.

Според информациите од таму, во моментов не се знаат причините за пожарот, ниту колкава површина е зафатена, бидејќи огнот многу брзо се шири.

-Над Галичник, над Неда гори пожар, известени се надлежни органи и се на пат за гаснење. За сега гори само шума, нема опасност за куќите, информираат од МЗ Галичник.

Оттаму истовремено соопштија дека во гаснењето на пожароот се вклучуваат и припадници на Армијата, и дека пожарот ќе го гаснат со хеликоптер. МЗ Галичник соопшто дека во туристичко место пристигнуваат и екипи од Националниот парк.