Пожарот е на непристапен терен и зафатил борова шума, а огинот брзо се шири оти има ветер. Пожарот претставува потенцијална опасност за селото Галичник, но истовремено и за силите ангажирани за негово гаснење, велат од ЦУК.

Во ЦУК информација за пожарот добиле околу 13 и 30 часот, но заради непристапноста на теренот ја известиле и Армијата. Од ЦУК соопштија дека ќе обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж.

За пожарот се известени Дирекцијата за заштита и спасување, локалните противпожарни единици, МВР, а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи, се додава во соопштението.

Според ЦУК, пожарот зафатил борова шума на непристапен терен и заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото Галичник, но истовремено и за силите ангажирани за негово гаснење.