Големиот пожар кој изби во близина на Струмица, во месностите Софилар, градските гробишта и селото Баница, е успешно локализиран. Повеќе не претставува опасност за куќите и другите објекти во населбата Баница. За пожарот, кој се прошири со голема брзина поради силниот ветер, сите противпожарни екипи на ТППЕ Струмица, веднаш се вклучија во акцијата за гаснење.
(ВИДЕО) Голем пожар кај Струмица – Пожарникарите се борат со стихијата
Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица, потврди дека пожарот се шири и во правец на селото Василево. Но, сите капацитети на локалните и соседните пожарникарски екипи се ангажирани за да го спречат неговото понатамошно ширење.
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој и самиот се приклучи на акцијата за гаснење на пожарот, изрази благодарност до екипата на ТППЕ Струмица и сите пожарникари кои се вклучија во акцијата. Тој истакна дека е подготвен да го следи процесот на истрага за случајот. Изрази загриженост за можната намера за подметнување на пожар.
Според Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи, пожарот настанал како резултат на палење стрништа. Пожарникарите сè уште се борат со огнената стихија која се шири поради ветровитите услови.
Извор: Миа