Утрово во студиото на Радио Лидер гостува Љубомир Ѓурчевски кој е поранешен полициски началник. Со него ја дискутираме темата за куќниот притвор на Артан Груби, но и клучното прашање „Зошто Артан Груби одлучи да се врати“.

„Артан Груби веќе не е сигурен ни на Косово. Доаѓаме до тоа прашање „Зошто сега и во овој момент Артан Груби одлучи да се предаде“. Вие кога ќе се замерите со организираните криминални групи во вршењето, јас ја коментирам врската меѓу политичките елити и организираните криминални групи“, започнува Ѓурчевски.

Тој вели дека Артан Груби сега може да „пропее“ како Лепа Брена.

„Артан Груби може да се претвори во Лепа Брена – ќе пее, односно ќе зборува за вкупниот криминал за владата на СДСМ и ДУИ каде моќта на Артан Груби растеше енормно. Повисоко од него е Али Ахмети и сите основачи на УЧК. Во еден период постоеја основани сомневање дел Артан е дел од „жолтата куќа“, односно возачот од она што го викавме трговија со човечки органи каде беа замешани луѓе од светските елити“, потсетува Ѓурчевски.

Следете ја целата емисија:

Ѓурчевски потсети дека Груби работел во холандаската амбасада, дека тој беше дел од инцидентот на Калето, неговата конекција со навивачката група Шверцери.

„Државата со оваа мерка притвор се создаде дополнителни трошоци. Ако седите дома никој не ограничува кој ќе го посетува“, заклучува тој.