Катарската телевизија Ал Џезира објави дека талибанските единици се приближиле до аеродромот и испукале неколку предупредувачки истрели за да ги растераат луѓето што се собрале таму.
Талибанците претходно објавија дека се прекинати сите летови од аеродромот во Кабул.
https://twitter.com/disclosetv/status/1427600769696649242
Објавеното видео прикажува талибански борци што пукаат во воздух додека луѓето бегаат во паника.
Претходно, сите комерцијални летови од аеродромот во Кабул беа откажани, додека на сите авиони на транзитни летови им беше препорачано да ја сменат рутата и да не летаат над територијата на Авганистан.
