Целосен неред на седница во Црна Гора. Андрија Мандиќ кој е претседател на црногорскиот парламент ја паузираше седницата откако во Цетиње дојде до вербален конфликт. Имено, вербалнаата расправа се случила меѓу претставникот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Оскар Хутер и дел од претставниците на Коалицијата за иднината на Црна Гора (ЗГЦГ).

Деталите за инцидентот

Додека Хутер зборувал, пратеникот Славен Радуновиќ фрлил нешто кон него, а тој неколку пати повторил „срам да ти е“. Во дискусијата се вклучи и Милан Кнежевиќ, кој потоа стана, по што седницата беше прекината.

Видеото е вирално на социјалните мрежи

Во продолжение може да ја погледнете изјавата:

Дури и по паузата која беше дадена, жестоката дискусија продолжи. Пратениците Хутер и Кнежевиќ неколкупати се обидуваа физички да се нападнат, но беа спречени од останатите пратеници.

Осуди за инцидентот

Црногорската јавност го осуди овој инцидент. Реагираа партиите и меѓународната заедница. „Демократијата не се покажува со вербални дуели“, гласат реакциите.