На протестот вчера имаше околку 30.000 луѓе, енергијата не исчезнала. Покрај нашите судски гњаважи, многу луѓе кои се појавувале на наши протести имале понатамошни притисоци, изјави Богдан Илиевски.
– Вистината е како шило, верувам дека како шило вистината и за 27 април проби на површината, и после 4 години. Веднаш по настаните беше непопуларно да помисли некој добар збор за нас. Тогашниот портпарол Шилегов рече дека имале сознанија за дело терориозам. После многу долг период, каде се појавуваа факти, пример еден сведок со 4 различни верзии на настаните, клучен сведок, Во една верзија видел еден човек, во друга верзија не видел човек и така. Јавноста не остана нема и глува на сите овие фактори, токму затоа излеговме да побараме правда. Таа правда би значела повторно оотварање на судскиот процес, изјави Илиевски.