Интернационалната индиска телевизија DD India подготви кратка репортажа за Националниот археолошки музеј, претставувајќи го богатото културно и археолошко наследство што го чуваме и презентираме пред домашната и светската јавност.
„Репортажата беше реализирана по повод државната посета на претседателката на Република Индија, Дроупади Мурму, на Република Македонија – прва официјална посета на индиски претседател на нашата земја. Во неа, музејот е претставен како едно од најзначајните места за запознавање со историјата и културното наследство на Македонија. Горди сме што Националниот археолошкиот музеј беше дел од оваа значајна медиумска приказна, преку која нашето културно наследство беше претставено пред милионска публика ширум светот“, велат од Музејот.
