Двајца познати српски инфлуенсери биле снимени како физички се пресметуваат среде улица во Белград, а видеото од инцидентот предизвика големо внимание на социјалните мрежи.

Според првичните информации, тепачката се случила во Црнотравска улица, во белградската населба Бањица, а во неа учествувале Лазар Амиджиќ и Стефан Чоловиќ.

Снимката од пресметката првично била објавена на Инстаграм-профилот „Princ od Banjice drugoveni“, по што брзо почнала да се споделува на останатите платформи.

На видеото се гледа како двајцата мажи си разменуваат удари додека се движат низ коловозот. Во текот на конфликтот тие не ја загрозиле само сопствената безбедност, туку и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

За случајот биле известени полицијата и надлежното обвинителство. Според неофицијалните информации, инцидентот се случил вчера, но причините што довеле до физичката пресметка засега не се познати.

Српските медиуми наведуваат дека повеќе информации за случајот се очекуваат во текот на денот.