Новинарот Златев го праша гостинот за меѓуетничката ситуација во Струга на што гостинот одговори дека сите националности се соочуваат со истите проблеми, а рече дека истиот проблем е на територијата на цела држава.
Македонци и Албанци заминуваат и од Зајас и од Делчево, започна гостинот Јаулески. Тој посочи дека проблемите се заеднички за сите.
– Проблемите се заеднички за сите, Македонци и Албанци умираат, Македонци и Албанци ги губат своите места, и Македонци и Албанци ги затвораат сопствените фирми, и Македонци и Албанци заминуваат од Република Македонија бидејќи не го гледаат својот просперитет тука, вели Јаулески.
Јаулески: Сите националности во Струга се соочуваат со истите проблеми
Posted by Радио Лидер on Thursday, March 18, 2021
Тој вели дека Македонија е на осмо место сме во светот по одлив на висококвалификуван кадар. Целото видео може да го погледнете во продолжение.