Утрово директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски беше гостин во утринската емисија на „Радио Лидер“ каде со Љупчо Златев и Ивица Боцевски зборуваа на актуелните теми поврзани со јавниот превоз во главниот град.

Градскиот сообраќај се одвива отежнато заради деструктивноста на Данела Арсовска. По најавите превозниците од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје на десната лента на булеварот „Илинден“.

– Во овој период се кажаа многу лаги и невистини меѓу кои и ова што се тврди од Данела Арсовска. Не можат поинаку да го свртат вниманието кон себе особено оние граѓани што не се корисници на јавниот превоз и не се вклучени во јавниот процес не можат да ја знаат вистината. Но, денеска вистината ќе можат да ја видат сами. Ако Данела трвдеше дека во Слобода превоз има 50-ина автобуси во „Слобода превоз“ и 20-ина во „Макекспрес“ што се негде бројка околу 70, денеска се организирани приватните превозници да ги паркираат автобусите и ако некој сака да ги брои нека види колку се, дециден е Јовановски.

Исечокот од денешното гостување може да го погледнете во продолжение.

Понатаму, Ленин Јовановски на новинарско прашање одговори дека денеска се излезени 150-ина автобуси, а целосната бројка е 208. Тој потенцираше дека Данела го знае вкупниот број, но манипулира со информациите во јавноста.