Анимиран филм за онлајн безбедност со едукативна цел
Министерството за дигитална трансформација информира дека е објавен анимираниот цртан филм „Кликни безбедно“, кој е изработен во рамки на проектот МКСафеНет – Центар за побезбеден интернет и е достапен на платформата Јутјуб (YouTube).
Содржината е наменета за подигнување на свеста кај децата, младите и родителите за безбедно користење на интернетот. Во фокус се препознавање на онлајн ризици и поттикнување одговорно дигитално однесување.
Содржина достапна на три јазици
Видеото е изработено на македонски јазик, а е достапно и на албански и англиски јазик. Од Министерството посочуваат дека целта е едукативната порака да стигне до што поширока публика и да биде разбирлива за различни јазични групи.
