Се стравува дека илјадници луѓе загинале во Либија откако бурата Даниел донесе толку многу дожд на североисток што две брани се урнаа во еден регион, влечејќи цели населби во морето. Повеќе од 2.000 луѓе загинаа, а околу 6.000 се водат за исчезнати во тешко погодениот град Дерна, каде што под притисокот на поплавите се урнаа две брани, пишува Си-ен-ен.
„Како резултат на тоа се урнаа три моста. Водата што тече однесе цели населби и на крајот ги исфрли во морето“, изјави Ахмед Мисамари, портпарол на Либиската национална армија.
Шефот на либиската служба за вонредни состојби, Осама Али, за Си-Ен-Ен изјави дека по уривањето на браната „целата вода отишла во областа кај Дерна, која е планинско крајбрежно подрачје“.
Тој додаде дека куќите во долините биле однесени од силни струи од кал кои носеле возила и остатоци. Телефонските линии во градот исто така се во прекин, што ги отежнува напорите за спасување, рече Али, а работниците не можеа да влезат во Дерна поради огромното уништување. Али рече дека властите не ги предвиделе размерите на катастрофата.
Шефот на либиската источна влада, поддржана од парламентот, Осама Хамад, ја опиша ситуацијата како „катастрофална и без преседан“.