Солот означува ден на Марс, што е долг 24 часа, 39 минути и 35 секунди.

-Леталото и роверот се во добра оперативна состојба, тие испраќаат податоци од Марс, соопшти Агенцијата.

Кина е втора земја што слета и управува со вселенско возило на Марс, после САД. Поранешниот СССР слета на Црвената планета во 1971 година, но ја изгуби комуникацијата со уредот по неколку секунди.