Детето се бореше да не потоне обидувајќи се од Мароко да стигне до Шпанија. На видеото се гледа како детето со последните сили се обидува да стигне до брегот. Шишињата му се закачени околу телото за да не потоне. Откако стигна на брегот, веднаш се стрчува кон високиот камен ѕид и се обидува да се искачи. Но, двајца војници го фаќаат и го носат во непознат правец. Деновиве илјадници мигранти од Мароко се обидуваат да стигнат во Шпанија. Полицијата и војската ги враќаше назад. Оклопни возила имаше на плажите во Шпанија.