На прашање од новинарот „каква е безбедносната ситуација во Македонија“, полковникот Ковачкки даде сопствен став.

Тој најпрво напомена дека станува збор за пандемија, но истакна дека ваква ситуација со Ковид-19 има во целиот свет, но кај нас власта нема обезбедено вакцини, па затоа тоа не е оправдување.

Ковачки понатаму кажа дека власта нема статистика за безбедноста која ја објавила на официјалната страница и затоа нема информации. Ова отвора многу сомнежи зошто власта навремено не објавува информации на нивната официјална страница.

Но, она на што се осврна Ковачки е случајот „Монструм“.

– Во врска со протестите од Монструм работата може да излезе од контрола, јас се надевам дека нема да излезе од контрала. Власта пред да дојде, и Стево Пендаровски и Зоран Заев кажуваа дека тој случај е наместен и не сакаат да ја пренесат вистината бидејќи ќе предизвика меѓуетнички тензии, но од денешен аспект гледаме дека (откако не ја кажаа вистината) тие поттикнале меѓуетничка омраза и тоа е кривично дело, вели Ковачки за Радио Лидер.

(ВИДЕО) Ковачки за ,,Монструм”: Власта треба да понесе кривична одговорност за манипулациите со јавноста

Исечок од гостувањето на полковникот Драган Ковачки на Радио Лидер

Posted by Радио Лидер on Monday, March 22, 2021

 

Тој одново се осврна на, како што кажа, „славната“ изјава на Шекеринска за вакцините. Потсети и напомена дека е нападнат државниот витален интерес, а политичарите мора да станат одговорни за своите последици.