Во денешното издание на „Еспресо со Златев и Боцевски“ гостуваше поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев. Со него се дискутираше на повеќе актуелни политички прашања од домашната политика, како на пример: една изборна единица и останати жестоки политички прашања, но освен тоа се дискутираше и на останати теми од регионот и пошироко.
Една од темите за кои водителите Златев и Боцевски разговараа со гостинот се вчерашните избори во Турција каде минимална предност забалежа Ердоган и на 28 мај Турција ќе гласа во втор круг. На оваа тема „кој ќе победи во вториот круг“ погледнете ја кратката политичка анализа на изборите во Турција.
Според гостинот Влатко Ѓорчев најголеми шанси за победа во вториот круг има актуелниот претседател на Турција, Ердоган бидејќи гласовите од третопласираниот Оган ќе се префрлат на контото на Ердоган.