ВМРО-ДПМНЕ од ОК Берово јавно бара градоначалникот на општина Берово да одговори за проджба на јавно земјиште.

– Станува збор за потпишување и склучување купопродожен договор од страна на градоначалникот за продажба на градежно земјиште во Берово, а во сопственост на Република Македонија со површина од 53513 м2 со правен субјект од дрвно-преработувачкиот сектор, вели на прес-конференција Елеонора Рашковска од ВМРО-ДПМНЕ ОК Берово.

Таа вели дека правниот субјект имал план да вработи 200 луѓе, уредно и навремено ја платил договорената сума од 3.745.910 денари, а и данокот на промет на недвижности, градоначалникот еднострано го раскинал договорот.

– Со правосилна извршна пресуда на основниот суд Кочани и пресуда на апелациониот суд во Штип се задолжува општина Берово да му исплати на тужителот за направените трошоци во износ од 221.224 денари или повеќе од 3600 евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Општина Берово на тужителот треба да му исплати 3600 евра од буџетот на општината. Тие прашуваат кој дозволи градоначалникот на Берово да работи во спротивност на граѓаните.

– До кога граѓаните на Берово ќе ја плаќаат нестручноста на градоначалникот Звонко Пекевски? Дали Обвинителството во Берово по допрен глас ќе поведе постапка за утврдување за евентуално направена злоупотреба од страна на градоначалникот?, прашуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Берово.