Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар. СДС не побара одговорност од Лимани, а уште помалку ја призна сопствената политичка одговорност како негов партнер во локалната власт, изјави денеска Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ.
Наместо да понесат одговорност за кризата во Гостивар, тие и натаму го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за локалниот проблем. Поради неспособноста на СДС, ДУИ и Партијата на Таравари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зема работите под своја контрола и овој проблем се реши, изјави Лефков.
Додека СДС беше зафатена со ширење хистерија и броење чешми низ државата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од прв момент беше со граѓаните на Гостивар и ги презема сите мерки за надминување на кризата, а жителите секој ден бесплатно ги снабдуваше со вода. Институциите постапија, случајот се истражува, а водата повторно е безбедна за пиење, констатира Лефков.
