Лејди Гага е позната по ексцентричните модни комбинации, со кои неизбежни се беспрекорна фризура и шминка. Овој пат, на совите фанови на социјалните мрежи таа им покажа како изгледа без грам шминка.

Пејачката објави кратко видео во кое позира на сонце ненашминката и со пуштена коса. На снимката е топлес а градите ги прекрива со раката.

-Нека вашите срце сјаат како сонце, напиша Гага во описот на објавата, која во еден ден ја погледнаа преку 11 милиони корисници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Пејачката доби и голем број комплименти за изгледот.

-Ти си навистина природна убавица. Какви веѓи!- и коментираше една од нејзнинте фанови, а многумине се согласија дека Гага изгледа подобро од било кога.