Мајка и три деца се спасени од урнатините 28 часа по разорниот земјотрес што ја погоди јужна Турција, јавува Анадолија.
Сите четворица членови на семејството Озкилик се повредени и хоспитализирани.
Граѓаните се уште чекаат во близина на уништените објекти, за да дознаат информации за нивните најблиски кои се исчезнати. Во моментов на терен се 11.022 спасувачки екипи, а потрагата по преживеани продолжува.