Македонија гори. Напорите за справување со огнената стихија траеле во текот на целата ноќ. Се гаснело од воздух, вклучени биле и доброволци од повеќе градови и месното население. „Ер тракторите“ и авионите полетуваат кон Овче Поле, пожарот се шири кон Куманово.
ЦУК ги соопшти деталите
Во текот на вчерашниот ден низ Македонија имало 56 активни пожари. Се гаснело цела ноќ, се работи и сега. Сè уште гори дабова шума во козјачкиот регион. На терен неколку дена се пожарникарите од Старо Нагоричане кои имаат воздушна поддршка од полициски хеликоптер. Во Куманово пожарите се локализирани.
Стојанче Ангелов ги соопшти деталите.
Критично е во овчеполието каде освен „Ер тракторите“ и авионите, се мобилизираат и поединци да помогнат во борба со огнената стихија.
Навивачката група Комити рамо до рамо со пожарникарите ќе помогне во гаснењето на пожарите
Критично во Старо Нагоричане
Пожарникарите од Старо Нагоричане сè уште се справуваат со пожарите во Малотино и Рамно. Гори дабова и нискостеблеста шума, а во близина е и бор. Тие имаат воздушна поддршка од полициски хеликоптер, а помагаат и екипи на Национални шуми, армијата и мештани. Пристигната е и екипа од соседна Србија која треба да помогне во справувањето. Од противпожарната единица укажуваат дека веќе четири дена се на терен на високи температури и прават сè што е во нивна можност.
„Засега по куќи нема но гори дабова шума, гранки и нискостеблеста шума со индиции доколку се прошири може да фати и бор“, истакна Далибор Трајковски, командир ТППЕ Старо Нагоричане.
Изгаснати пожар во Кокошиње, Кшање, Живиње
По неколкудневна борба изгаснати се пожарите во Кокошиње и Кшање. Од кумановската пожарна информираат дека засега е мирно и нема нови пријави. Сè уште не се знае колкави се штетите.
„Моментално општина Куманово нема активни пожари. Контактирано е и со население во Кокошиње, селото е безбедно, во моментот нема активни пожари сите пожари се ликвидирани“, нагласи Деан Илиевски, командир ТППЕ Куманово.
Од единицата информираат дека целосно е изгаснат и пожарот во селото Живиње, каде во ноќта постоеше опасност да бидат зафатени и куќи.
Освен во кумановско пожарникарите делуваа и на неколку локации во липковско, Лојане и Ваксинце.
Во североистокот сериозен е и пожарот во кратовски Татомир.
Пожарот во Пехчево ставен под контрола
Пожарот над градот Пехчево е ставен под контрола, напорите за справување со огнената стихија траеле во текот на целата ноќ. Се гаснело од воздух, вклучени биле и доброволци од повеќе градови и месното население.