Полицијата трага по две малолетни лица кои вечерва се обиделе да предизвикаат пожар во Парк шумата Гази Баба.

Случајот во полиција го пријавил граѓанин, кој со уште неколку лица успеале да го изгаснат опожарениот дел од летниковецот.

-Денеска (15.05.2026) во 19:47 часот во СВР Скопје А.В. пријавил дека во парк шума Гази Баба од страна на две малолетни лица бил опожарен дел од летниковец. Пожарот е локализиран од страна на граѓани. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите, потврдуваат за Курир од МВР.

Извор: Курир