Надзорна камера пред два дена снимила мечка како се шета низ тетовското село Теарце. Прошетката, како што може да се види од снимката што ја објави Видео Тетова1, се случила доцна во ноќта во населено место, додека сите спијат и немало никој на улица.
Видеото предизвика внимание на социјалните мрежи, а луѓето коментираат дека мечката немала храна и затоа дошла во селото. Еден од коментарите вели дека тоа се должи на големата сеча на Шар Планина, поради што веќе нема родни дрва и овошки со кои се хранат и животните.
„Мечките што шетаат по селата е помал проблем, кога ќе дојдат поројните реки, дури тогаш ќе биде проблем“ пишува во коментарите.
