Медицинската сестра Џоана Оверхолт од Охајо е една од нив. Таа дури го изнесе своето тврдење и пред Министерството за здравство, и се обиде да го докаже тоа со потпирање клуч и шнола на вратот. „Можете ли да го објасните ова? ги праша присутните на очигледно неуспешната демонстрација.

Ниту еден од овие предмети не се задржал на неа и веднаш паднале, но кога првпат го залепила клучот за градите, застанал кратко. Ова, пишува BuzzFeed, се случило затоа што човечкото тело лачи себум и пот, така што кожата е леплива и предметите можат на кратко да се задржат за неа.

Важно е да се нагласи дека огромното мнозинство копчиња денес не може да ги привлече магнет, бидејќи се претежно направени од алуминиум.

Оверхолт веднаш ја одбрани добро познатата анти-ваксерка Шери Тенпени, која тврди дека „долго време се сомневала дека постои досега неопределена врска помеѓу вакцините и мрежните 5G предаватели“.

Сепак твитерџии не дозволија нивните тврдења да остабнат незабележани и им се потсмеваат со денови.

-Дами и господа, овој молив е наводно направен од дрво, но ако го држам опуштен меѓу прстите и го поместувам нагоре и надолу, се чини дека е направен од гума. Можете ли да го објасните тоа? напиша еден твитерџија.

-Докторке, можете ли да објасните зошто имам магнетни својства по вакцинирањето? напиша твитерџијата со залепени клучеви на лицето.