ВМРО има избистрена слика за националните и стратешки интереси на Македонија како никој друг во државата, дециден е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На трисетгодишнината од основањето на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски порача да не го прашуваат, ами да го планираат – директно на браникот на националните интереси.
Ние сме Македонци со македонски јазик, идентитет и историја, со заслужено членство во НАТО и заслужуваме брзо членство во Европската Унија. И тука ја затвораме оваа дебата, а било кој има некаков сомнеж за било која битна тема во иднина,доколку треба да се заштитат интересите… Воопшто не ме прашувајте дали ќе се приклучи ВМРО, планирајте ми однапред бланко место на браникот на националните и државни интереси, затоа што тоа е нашата должност.
ВМРО-ДПМНЕ го има дефинирано ова поглавје и во наредниот период ќе се фокусира на реалниот живот, рече тој.
Тоа се проблемите со стандардот, економијата и тешката живејачка, грабежот и неправдите кои се прават на секој чекор. Земјава е се подалеку од Европската унија а тоа е така не само затоа што нема договор со Бугарија, туку затоа што ниту една домашна задача не си ја заврши владата.