Почитувани Кумановки и Кумановци, пред нас е голема одлука. Одлука за тоа во какво Куманово сакаме да живееме. Заокружувајќи го бројот 7 во Недела вие заокружувате за победа која на Куманово навистина му е потребан, заокружувате промена која на Куманово мора да му се случи, заокружувајќи 7 заокружувате за реални проекти кои Куманово и Кумановци навистина ги заслужуваат.
Затоа на 17ти излезете гордо, достоинствено и со крената глава и одлучете што е подобро за вас – вели Тони Михајловски, кандидат за градоначалник на Куманово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тони Михајловски моментално е во изолација поради ковид позитивен тест.