Бидете горди Македонци, им порача Мисајловски на 280 војници кои заминуваат на меѓународната НАТО вежба „Saber Junction 25“

„Историја се прави во државата. Првпат по толку години се обезбедија средства и толку луѓе ќе учествуваат на НАТО вежба. Ви посакувам да бидете такви какви што сте, да бидете горди Македонци, да покажете што значи Македонија. Гордост е да се биде Македонец, гордост е да се претставува Македонија,“ порача министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Со овие зборови Мисајловски им се обрати на околу 280 војници.Тие денес заминаа на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ што се одржува во Хохенфелс, Германија.

Контингентот е опремен со формациска опрема, вооружување и воени возила, вклучувајќи ги и новите лесни оклопни возила JLTV.

Мисајловски им порачал на војниците да бидат горди што ја носат армиската униформа и што ја претставуваат државата пред сојузниците. Нагласувајќи дека Министерството и Армијата се подготвени да обезбедат целосна поддршка за секој предизвик.

„Историски чекор за Армијата! Македонските војници заминуваат на голема меѓународна вежба „Saber Junction“ во Германија. Првпат од постоењето на Армијата, целосна формација – зајакната чета со сите елементи на маневар, борбена поддршка и самоодржливост ќе ја претставува Македонија на вакво ниво,“ посочи Мисајловски, потсетувајќи дека Бидете горди Македонци е пораката која треба да ја носат со себе.

Македонскиот контингент, најголем досега што учествувал на оваа серија вежби, е дел од Лесната пешадиска баталјонска група. Тој ќе има дополнителна подготовка пред оценувањето на борбената готовност во 2026 година. Вежбата ја развива интероперабилноста со НАТО сојузниците и партнери и има за цел да извежба распоредување на поголема единица надвор од државата, стратегиски транспорт, самоодржливост и логистичка поддршка.

„Saber Junction 25“ е организирана од Командата на американската армија за Европа и Африка и вклучува голем број НАТО сојузници и партнери. Бидете горди Македонци, беше повторено како водечка порака на контингентот.