Тој вели дека власта во Собранието се однесува како хибриден режим и оти тоа нема да го дозволат.
Мисајловски смета дека вакцини се уште нема прво поради неспособноста на власта а потоа и за исполнување на лични бенефити.
-Ние сме единствена земја што немаме ниту една вакцина. Говореа ќе стигнат во јануари, март, април. Гледаме колку случаи имаме дневно и никој од власта не презема одговорност. Најчесто виновни се граѓанител опозицијата, но никогаш не може да најдете вина во власта.Наместо да тераат кампања за попис да отидеа да молеа за вакцини барем ќе направеа нешто добро за државата. Цела власт треба да се растрча и да моли.Еве и ние како опозиција молиме колку што ни е можноста-објаснува Мисајловски.
Иако попис и пандемија не одат заедно, Мисајловски е убеден дека пописот е политички договор меѓу СДСМ и ДУИ.
-Ние постојано велиме дека нема потреба да има попис. Нека го одложат, ќе има подобри времиња. Да, многу години сме чекале.Нека го одложат за неколку месеци. Барем нека ги вакцинираат оние илјадници што ќе одат по домовите. Најголем дел ќе бидат активисти на СДСМ и ДУИ и тие ќе ни доаѓаат дома и треба да ги примиме. Додека другите земји ги одложуваат пописите бидејќи им е важно здравјето на граѓаните. Одложете го пописотн, не е време-бара Мисајловски.
Мисајловски не може да избере кој е најголем скандал на власта, бидејќи како што вели ова е скандалозна влада.
-Секој ден или е гаф или е скандал.На докторите им е забрането да патуваат а владата си шета по светот. Дневно излегуваат скандали за корупција и никој нема да одговара. Самата влада е скандал. Ова е коруптивно клептоманска влада.Тие гледаат можност за провизија од секој тендер.Затоа е потребно граѓаните да излезат на изборите бидејќи ВМРО-ДПМНЕ може да ги промени овие работи бидејќи сме најголемата партија-вели Мисајловски.
Целото интервју може да го погледнете на видеото: