Гостин во вестите во 17:30 на Алфа беше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. Тој беше дел од тимот кој денеска беше на трибина на опозициската партија во Куманово. Една од темите за кои се говореше беа Коридорите 8 и 10Д и договорот со „Бехтел и Енка“. Вели дека власта не смее да го злоупотребува овој инструмент за да избега од дебата во Собранието.
-Моментално барањето на „Бехтел и Енка“ е да не постои закон за градење и сега замислете европско знаменце ставаат овие од власта, за ДУИ и СДСМ зборам, да не постои урбанистичко планирање, да не постои закон за шуми, закон за експроријација, тоа не е Европа, тоа е далеку од Европа. Ако овие пратеници кои се декларираат како ЕУ, ако гласаат вакви закони тие се анти ЕУ.
Партискиот потпретседател Владо Мисајловски за Алфа вели дека токму ваквите криминални договори биле една од причината зошто многумина млади својата иднина ја гледаат во тоа што побрзо да ја напуштат државата.
-Кога вакви договори нема да бидат потпишани, кога ќе имаме здравство како што треба, кога ќе има образование европско, каде што ќе има плати подобри, каде што ќе се намалува инфлацијата, каде што ќе се гледа како младите да уживаат Република Македонија, бидејќи они треба да бидат слободни и да се покажуваат во институциите тука и на крајот да останат тука, да се покажуваат во општествениот живот. За жал не го гледаат тоа во институциите и дел од нив бараат да излезат надвор, изјави Мисајловски.
Со Мисајловски разговараше Матеја Петровски од Алфа ТВ.