Премиерот Христијан Мицкоски со видео од природните, културните и историските убавини на Македонија го честиташе 8 Септември – Денот на независноста.

Мицкоски видеото го објави на својот профил на „Фејсбук“, а во него се прикажани дел од препознатливите македонски предели и знаменитости.

Во видеото се прикажани центарот на Скопје, реката Вардар, Скопското кале, Козјак, Охрид, Струга, црквата „Св. Јован Канео“, Плаошник, Скопското Кале, Крушево и „Македониумот“, Самуиловата тврдина, како и други природни и културно-историски места низ земјава.

„Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“, напиша Мицкоски во објавата.