Деветнаесетгодишно момче го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила претпладнево на улицата „Радишанска“ во Скопје.
Според објавените информации, во несреќата учествувале мотоцикл управуван од 19-годишникот и автомобил „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки.
По судирот, младиот возач на мотоциклот починал на местото на несреќата.
Засега не се објавени дополнителни детали за околностите под кои дошло до судирот.
