Муцунски од Советот на Европа: Бугарското малцинство не е повредено во Македонија

Говорев и за интеграцијата во Европската Унија, која е од интерес за целиот регион.

Jас не сум запознаен со случај во кој е повредено бугарското малцинство во нашата земја, но доколку вие знаете таков случај, тогаш ајде да зборувае заедно, да работиме институционално, да работиме на унапредување на малцинските права во двете земји, независно од разликите во уставниот систем кои ги имаме, потенцираше Муцунски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Timcho Mucunski (@mucunski)

Регионот може да напредува

Тој вели дека Македонија подава рака за соработка.

Вие дајте ни пример за тоа каде можеме да се подобриме, но и ние да можеме да ви дадеме примери од тоа што вие можете да направите подобро – кога станува збор за имплементацијата на пресудите на Европскиот суд за човекови права, каде ние сме земја за пример. Ако работиме заедно и според примери, со континуитет во нашите модели на управување, тогаш нашиот регион ќе може да напредува.

„Да зборуваме за трговска размена и туристички потенцијали“

Ние сме нова генерација во политиката. Можеме да погледнеме назад во историјата на 17, 18 или 19 век, но ајде да зборуваме за 21-от век. Ајде да зборуваме за вештачката интелигенција, да зборуваме за трговска размена, да зборуваме за огромните туристички потенцијали кои постојат помеѓу двете држави. Сите наши соседи се наши пријатели и ние ќе се однесуваме на тој начин. Но, помогнете ни на нас, за ние да можеме да ви помогнеме на вас. Ајде да го придвижиме регионот поблиску до членството во Европската Унија. Нашиот пат нема да е лесен, но доколку ги почитуваме договорите кои ги имаме постигнато, како вашата обврска да ни помогнете да одиме напред, во духот на Договорот за добрососедство, тогаш без сомневање, имаме европска иднина за целиот регион.