Тимчо Муцунски пишува дека клучно е да се реализираат стратешките интереси.

Македонија мора да се издигне над просечноста и да покаже одлучност во реализирањето на стратешките интереси. Секој од нас има одговорност да придонесе кон градењето на поуспешна и просперитетна иднина, каде што идентитетските прашања ќе бидат заштитени и почитувани, пишува Муцунски.

Тој додава дека мора да има стручна дипломатија и мудро користење на дипломатските капацитети.

Мораме да се потпреме на квалитетна и стручна дипломатија, која ќе игра клучна улога во нашето меѓународно претставување и ќе биде еден од главните алатки во настапот на меѓународната сцена. Со мудро користење на дипломатските капацитети ќе привлечеме нови инвестиции кои ќе го поттикнат економскиот развој на нашата земја. Со макотрпна работа и промоција на вредностите во кои веруваме, Македонија повторно ќе биде почитувана, а граѓаните ќе живеат достоинствен живот, заклучува Муцунски.