Нашата програма ќе се грижи за сите граѓани, од една до 101 година.
Посебен фокус ставаме на повозрасните лица и пензионерите.
Прв приоритет ќе ни биде формирање на пензионерски клубови. Место каде што со институционална и финансиска поддршка од страна на општината повозрасните лица ќе може да се дружат.
Планираме на формирање на посебна јавна служба наменета за повозрасните лица, со цел да им помогне со превоз, и обезбедување на лекарства и сите други средства кои што им се потребни.
Во соработка со здравствените власти ќе обезбедуваме термини за редовни здравствени прегледи кои што им се од големо значење на повозрасните лица.
Ќе инвестираме во посебна инфраструктура во постоечките, но и во новите паркови наменета посебно за возрасните лица.
Повозрасните граѓани го заслужуваат нашето внимание, бидејќи тие се најголема вредност за нашето општество.
Затоа ќе бидеме тука за сите!