Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски на прес-конференција информираше за изборниот ден. Го пренесуваме во целост:

„На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе победиме во најголем дел од општините во државата. Денес Македонија имаше мирни и успешни избори кои ги задоволуваат највисоките критериуми за демократски изборен процес. Можеби најпримерните и најмирни избори во нашата понова историја. За тоа заслугата пред се ја имаат граѓаните на Македонија. Им благодариме за нивниот одзив, нивната решителност, нивната одлучност и континуирана желба да ја наградат работата, проектите да бидат на вистинската страна.

Очекуваме одличен изборен резултат и огромна победа која ќе биде прослава на волјата на граѓаните, но и порака до сите оние кои ја влечат на дното на погрешната страна во целосна безидејност, без концепт и без визија. Македонија одлучи денес на тоа да стави крај.

Некои информации говорат за извесни нерегуларност и обвинувања кои треба да фрлат дамка на изборниот процес ги гледаме како стратегија на СДСМ и нашите противници за барање алиби за изборниот пораз кој очигледно следи. Тоа е партија со многу проблеми кои во периодот кој следи ќе им бидат главен камен на сопнување. Очекувано е таа партија конечно да се реформира. Но, сакаме да ве увериме дека победата ќе биде чиста и јасна. Тоа значи за нас одговорност која не смее да ја изневериме. Во наредниот период ќе известуваме за резултатите од гласањето, заклучи Муцунски.