Го претставуваме анимираниот приказ на идниот Меморијален парк во Тетово, изграден во знак на трајно сеќавање и почит кон загинатите во пожарот во модуларната болница. Концептот предвидува свиени и пристапни патеки во духот на „прекината рамка“, тивки меморијални зони, дрвореди со автохтони видови и дискретно осветлување, со минималистичка урбана опрема која го почитува мирот на просторот, се вели во објавата на Фејсбук на министерството за здравство.