Заменик претседателот на општина Бујановац, Шчиприм Муслију го симнал од јарбол знамето на Србија и на негово место го кренал знамето на Албанија.
Медиумите во Србија пренесуваат видео објавено на социјалните мрежи за кое се вели дека заменик претседателот на општината во друштво на неколку граѓани од албанска националност го симнале српското знаме и на негово место поставиле албанско.
Настанот според неофицијални информации се случил вчера во претпладневните часови во селото Кончуљ кое се наоѓа на административната линија помеѓу Косово и Србија.
— Babica Travica (@BabicaTRAVICA) May 8, 2021
Претходно, непознати лица со графит го ишарале споменикот на загинат припадник на војската на ОВК, а на местото каде се виорело знамето на Албанија било поставено знамето на Србија.