Maкедонската таеквондистка Милијана Релјиќ загуби во четвртфиналето на олимпискиот турнир во Париз во категоријата до 57 килограми и со тоа го заврши својот настап на ЛОИ. Нашата таеквондистка заврши меѓу осумте најдобри на игрите во Париз, а по нејзиниот настап даде и кратка изјава за Македонскиот олимписки комитет.
Бевме одлично подготвени. Ги слушав советите на тренерот и успеавме да добиеме една борба. Во борбата со Либанката ми недостигаше малку спортска среќа. Сепак, тука не застануваме и продолжуваме кон нови успеси и победи, изјави Релјиќ.
Слично размислува и нејзиниот тренер Ефтимов кој вели дека иако не освоиле медал, успеале да ја обединат Македонија.
Не освоивме медал, но ја обединивме Македонија. Падна двократната олимписка шампионка Џејд Џонс, изјави Ефитмов.