Неколку лица се убиени и ранети во вооружен напад што вечерва се случил во црква во северниот германски град Хамбург, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на локални медиуми.
Засега нема прецизни информации за точниот број на убиени. Според некои локални медиуми, во нападот животите ги загубиле најмалку шест лица, но засега нема официјална потврда на овие наводи.
Хамбуршки „Моргенпост“ јавува дека во пукањето наводно седум лица се тешко повредени, а 17 полесно.
Полицијата во Хамбург преку објава на Твитер соопшти дека во тек е голема полициска операција во квартот Алстердорф и дека се трага по напаѓачите и се работи на откривање на мотивите за нападот, но повеќе детали не се соопштуваат.
„Засега нема сигурни информации за мотивот на злосторството. Ве молиме да не споделувате неверодостојни претпоставки и/или да ширите гласини“,велат од полицијата.
Градските власти соопштија дека пукањето се случило во црквата Грос Борстел во Хамбург и ги предупредиле граѓаните да ја избегнуваат областа.
Според локалните медиуми, црквата им припаѓа на Јеховините сведоци.
Како што јавуваат медиумите, сторителите се во бегство, а на местото се присутни екипи на Итната помош.
Според информацијата што била испратена до населението преку федералната апликација за предупредување NINAwar