Во Будимпешта денес се одржаа два големи собири – еден организиран од владејачката партија Фидес, а друг од главната опозициска партија Тиса – како вовед во изборните кампањи за парламентарните избори закажани во април 2026 година.
Фидес го поврза митингот со Унгарската револуција од 1956 година (23 октомври). Неформално, властите најавија рекордна посетеност на комеморацијата, која партијата ја опиша како „Марш на мирот“. Според Index.hu, толпи се слеаа на плоштадот Лајош Кошут, каде што се скандираше за премиерот Виктор Орбан – „Виктор, Виктор“.
Во својот говор, Орбан ја нарече толпата „баратели на слобода“ и рече дека „рикот од 1956 година повторно се слуша“. „Маршот на мирот“ го опиша како „најголемата политичка сила во Унгарија и најголемото патриотско движење во Централна Европа, а можеби и во цела Европа“.
Орбан изјави дека движењето „ја одбранило Унгарија од мигранти, од ‘змии во Брисел’, ги избркало ЛГБТК активистите од училиштата и ги ‘заштитило децата од учења што се спротивни на природата’“, пренесе „Јутарњи“. „Европејците би дале половина од своето оружје ако имаа земја без мигранти, би дале години од својот живот ако можеа да им забранат на лудите активисти за родова еднаквост да влезат во училиштата и би дале сè за повторно да имаат слободна, христијанска и патриотска земја“, рече тој.
Поврзувајќи ја револуцијата од 1956 година со сегашноста, Орбан порача: „Мораме да протестираме одново и одново кога странците сакаат да нè принудат да живееме како што сакаат. Унгарците не бараат многу од животот – ние сме задоволни со слободата. Ако има слобода, сè е таму и сè е можно, а ние ќе се погрижиме за останатото“.
Критики упати и кон Европската Унија:
🚨 BREAKING:
100,000+ Hungarians have have for the Peace March in Hungary.
Hungarians are showing support for the Hungarian Prime Minister, Orbán Viktor.
We won’t be controlled by EU Globalists. 🇭🇺 pic.twitter.com/H9rbcVW6Pi
— Based Hungary 🇭🇺 (@HungaryBased) October 23, 2025
„Брисел патетично се гледа себеси како светска сила… Брисел одлучи да влезе во војна… Тие се подготвени да испратат уште повеќе оружје и пари во Украина… Ја прогласија руско-украинската војна за своја војна и така влегоа во неа – тие се во неа до врат. Ако Брисел не ја попречеше мировната мисија на американскиот претседател, војната веќе ќе беше завршена. Ако Доналд Трамп беше претседател, војната немаше да избувне, а ако не ја попречеа сега, ќе имаше мир“, изјави Орбан, додавајќи дека „Унгарија стои на страната на мирот“.
За Унгарците во Закарпатје тој рече:
„Не ве заборавивме, ние сме со вас, сметаме на вас и им помагаме на вашите семејства. Само една земја има граници, ниту една нација нема. Ниеден Унгарец не е сам“.
Орбан оцени дека „на Брисел му снемува пари, но сепак сака да се бори“, а својот главен политички противник за 2026, Петер Маѓар, го нарече „марионетски кандидат од Брисел“. Во продолжение повика: „Време е за бунт… Разбудете се, бунтовници, вашата земја ве чека! … Во 1956 година беше слобода или ропство, денес изборот е војна или мир. Унгарија им стои на патот на военоподбуцнувачите. Во 1956 година дојдоа со тенкови, денес со финансиски санкции“.
Тој заклучи:
„Застапниците на мирот се собираат, по Италија и Словачка, ветерот се смени во Чешка. Се менува и во Полска. Претседателот на Соединетите Американски Држави е со нас, а земјата се поместува под нозете на европската либерална елита… Во 1956 година, Будимпешта беше главен град на европската слобода, а во 2025 година, Будимпешта ќе биде главен град на европскиот мир… Европската Унија да, Брисел не“.
Попладнево во Будимпешта митинг одржа и опозициската Тиса, предводена од европратеникот Петер Маѓар — поранешен инсајдер на Фидес кој својот политички подем го гради врз јавното незадоволство од владини скандали и високата инфлација. Шест месеци пред изборите, анкетите ја изедначуваат Тиса со Фидес; независни институции му даваат предност на опозицискиот блок, додека тинк-тенкови блиски до владата прогнозираат спротивно.
NOW – PM Viktor Orban: “you have been able… to keep Hungary, our country, as the only migrant-free country in Europe… you have been able to defy the entire snake nest in Brussels… you have been able to protect your families and drive the LGBTQ activists from your schools.” pic.twitter.com/tP4srdV5Ac
— Disclose.tv (@disclosetv) October 23, 2025
