Претседателот на албанскиот Динамо Сити, Ардијан Барди, приредил несекојдневна сцена во соблекувалната на тимот. Тој пред фудбалерите се појавил со вреќа полна со пари, со која сакал дополнително да ги мотивира пред следниот европски натпревар. Барди им соопштил дека сумата од 500.000 евра ќе биде нивна доколку успеат да го елиминираат Пафос.

Албанскиот тим до оваа фаза стигнал откако во претходното коло го елиминирал летонскиот Ауда со вкупен резултат 4-1. Снимката од необичниот момент во соблекувалната ја објавил „Top Channel“. Со ваквата премија, претседателот јасно им ставил до знаење на фудбалерите колку многу очекува од нив во двомечот со Пафос. Мечевите против кипарскиот тим ќе бидат следниот голем предизвик за Динамо во европските натпреварувања.