Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста по неодамнешното обраќање во Белата куќа. Додека официјалните претставници соопштуваа големи економски планови, камерите забележаа необично однесување на првиот човек на Соединетите Американски Држави.

Настанот брзо предизвика лавина од коментари и реакции на социјалните мрежи.

 

За време на официјалната презентација на проектот за изградба на нова челичарница во сојузната држава Ајова, вредна 15 милијарди долари, Трамп беше снимен со наведната глава и целосно затворени очи.

Дел од јавноста и корисниците на интернет веднаш истакнаа дека претседателот накратко задремал за време на говорот на неговиот ресорен министер. Сепак, врз основа на самата видеоснимка не може со сигурност да се потврди дали тој навистина заспал или само внимателно го следел излагањето.