Лионел Меси не постигна гол на првиот натпревар од новата сезона во МЛС, но уште еднаш покажа каква класа од фудбалер е.
Покрај тоа што неколку пати им ја протна топката низ нозе на противничките играчи, Аргентинецот имаше еден потег за кој уште долго ќе се дебатира дали е негова генијалност или само неспортски потег.
Додека еден од фудбалерите на Реал Солт Лејк лежеше на тревата, Меси ја „црпна“ топката над него и ја продолжи акцијата иако многу брзо потоа таа беше прекината. Многумина сметаат дека требало да ја прекине играта за да му се укаже помош на противничкиот играч, но други се воодушевени од толку колку брзо работи мозокот на Меси.
If I am the guy on the floor, I’d hate whoever blocked this shot for the rest of my life!
He was a Messi goal away from becoming a legend!
pic.twitter.com/vQduRscRAk— Tactical Manager (@ManagerTactical) February 22, 2024
Извор: Спорт1.мк