Автопатот од Кичево до Охрид чија работа започна уште пред 10 години со претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ се уште е во ќор сокак. Иако според првичниот план за четири години требаше да е готов, веќе 10 години не се наѕира крајот.

Автопатот Кичево – Охрид ќе е готов до крајот на 2026-та: Николоски со план за одблокирање на инфраструктурните проекти

Сепак, новиот министер за транспорт и врски, Александадр Николоски покажува цврста решителност за конечно да се работи и автопатот да блесне во полн сјај. Тој на медиумско прашање потврди дека има премногу проблеми при самата изведба особено дислоцирање на бензинските пумпи на самата траса.

Како ќе правиме ќе правиме, автопатот Кичeво-Охрид ќе го завршиме до крај на 2026 година, вели Николоски.

Автопатот ги демотивира домашните и странски туристи во своите намери да го посетат Охрид, а со новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ веројатно оваа лоша слика конечно ќе се промени.