Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информираше за деталите од денешното потпишување на Договорот за инвестициски грант меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој за автопатот Скопје -Блаце.
-Потпишан Договор за грант од 30,8 милиони евра со ЕБОР за изградба на автопатот Скопје – Блаце. Автопатот е дел од стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот.
Без разлика што немаме излез на море, на овој начин државата може да стане стратешки најважна точка на Балканот, преку која ќе се вкрстуваат бизнисот, трговијата, туризмот и економската размена.
Автопатот Скопје – Блаце е во должина од 10,5 км, претставува инженерски предизвик, каде на трасата ќе се изградат околу четириесетина објекти, објави Николоски.
